Оперативен блок

Поликлиниката поседува операциона сала со потребни помошни простории. Вршиме оперативни процедури, исклучиво за преден очен сегмент и аднексите нa окото (oчни капаци, солзни канали).

Располагаме со современа техничка опрема и кадровски потенцијал за успешна реализација на следните операции:

  • Операција на Катаракта
  • Глауком
  • Страбизам
  • Птеригиум
  • Халазион и сите видови пластични операции на очните капаци

Скоро сите видови на операции се изведуваат со локална анестезија, освен операциите за страбизам . Тие се изведуваат во општа анестезија. За општа анестезија се користи операциона сала во друга здравствена установа која располага со анестезиолошка асистенција на оперативниот тек

Потребно е да споменеме дека покрај пациентите кандидати за оперативни интервенции, регуларно ги следиме, испитуваме и лекуваме и пациентите болни од шеќерна болест и дегенеративни промени на мрежницата и нејзините крвни садови. Во операциона сала употребуваме и инстилираме анти ВЕГФ лекови

Операција на катаракта

Операцијата на катаракта ја работиме на два начина: 1) со ултра звук или позната во народот како phaco метода; а кај комплицираните и секундарните катаракти со 2) ЕCCE или конвенционална метода. Секогаш пред оперативната припрема за пциентот се спроведува под строги стручни правила засновани на нашето клиничко искуство. После оперативниот тек пациентот ја напушта установата. Пост оперативниот тек до целосно заздравување на операцијата е под наша супервизија.

Операција на Глауком

Кај пациентите со Глауком неопходно потребна е строга стручна селекција и поставување на индикација за оперативно лекување на Глаукомот. Ние долги години ја применуваме Трабекултомијата како оперативно решение за регулирање на очниот притисок. Се прави by pass, премостување во истекот на течноста од окото. Колку е важна операцијата од големо значење е постоперативното следење на пациенотот. Потребно е често следење и мерење на очниот притисок оти лесно доаѓа до срастување на оперативната рана.

Операција на Страбизам

Пациентите со разрокост, кандидати за оперативно лекување, пред се потребно е да се пациенти од нашта установа долго време следени и третирани од особа која е едуцирана за Ортоптика и Плеоптика. И офталмологот кој ги изведува овие оперативни процедури поседува едукација за Страбологијата. Независно од возраста операцијата се изведува во општа анестезија. Се вкупно времетраењето на оперативниот и постоперативниот тек е околу пет часа.

Целосна нега до јасен поглед

Побарајте нѐ уште денес
+389 2 3222 533

Од нашиот блог

Што е Страбизам?

Прв чекор во третирањето на страбизмот е откривање на рефракциската аномалија и одредување соодветна оптичка корекција и нејзино редовно носење.

Катаракта или перде

Во окото се наоѓа природна лека која е сместена позади зеницата и ирисот . Таа е дел од диоптрискиот систем на окото и покрај другите оптички средини има задача да ги прекршува светлосните зраци од гледаните предмети.

Лекување на Глауком

Поставувањето на дијагнозата оди со редовно мерење на очниот притисок, разгледување на очното дно со индиректна биомикроскопија и периметрија. Затоа е од огромно значение редовно следење на споменатите параметри кај пациен ти болни од Глауком.