Во предните анатомски структури ( цилиарно тело) на окото се создава течност чија задача е да носи хранливи материи до оние делови од окото што не поседуваат крвни садови. Во просторите на предниот очен сегмент таа извесно време се задржува под притисок од 10 – 18 мм Хг. одржувајки ги и давајки им континуирано форма на анатомските структури По обавената задача. течноста (ја нарекуваме коморна) истекува од окото преку аголот кој го создаваат роговицата и коренот од ирисот.

Секоја пречка и патолошка промена во создавањето или истекот на коморната течност доведува до зголемување на притисокот во окото Во почетокот очниот притисок е само висок, во едното или двете очи, но со текот на времето тој предизвикува патолошки промени до изумирање на нертвните клетки и влакна од мрежницата на окото. Во таа состојба велиме дека окото има Глауком. Глаукомот е наследна и прогресивна болест а последиците се манифестираат на двете очи. Поред висок очен притисок во клиничката слика на болеста Глаукомот постојат : промена во изгледот на видниот нерв (на очното дно) и промени во видното поле.

Поставувањето на дијагнозата оди со редовно мерење на очниот притисок, разгледување на очното дно со индиректна биомикроскопија и периметрија. Затоа е од огромно значение редовно следење на споменатите параметри кај пациен ти болни од Глауком.

Лекувањето на Глаукомот е медикаментозно и оперативно. Со медикаментозно лекување се смалува создавањето или се зголемува истекот на коморната течност а се започнува кога очниот притисок варира и оди над 20 мм Хг. Ако не се смалува очниот притисок ( тој е над 30 мм Хг) а промените на видниот нерв и видното поле прогредираат, се носи одлука за оперативно регулирање на истиот.

Несоодветното следење и лекување на Глаукомот секогаш води до губење на видот а понекогаш и окото како орган.