Во окото се наоѓа природна лека која е сместена позади зеницата и ирисот . Таа е дел од диоптрискиот систем на окото и покрај другите оптички средини има задача да ги прекршува светлосните зраци од гледаните предмети .

Секоја матнина во природната лека на окото се вика катаракта или перде. Можи да се јави истовремено во двете очи но почеста појава е во едното око. Причинителите на пердето се од позната и непозната природа.. Така познато и докажано , дека кај 6 % од населението со годините ( после шеста декада ) поради лоши метаболички промени доаѓа до смалување во провидноста на леката. Во зависност од обемот и интензитетот на матнината , катарактите ги нарекуваме зрели и незрели. Но понекогаш тие матнини се јавуваат и кај помалади личности или се вродени. Во зависност од возраста , катарактите се викаат сенилни, пресенилни.и вродени. До промени во леката доаѓа и после тапи или отворени повреди и воспалителни процеси на окото Па тие катаракти ги нарекуваме травматски или воспалителни. Некои системски болести( висок кревен притисок, шекерна болест) се пропратени и со создавање матнини во леката. Кога лицето употребуува подолго време системски стероиди, поради болест( реума) исто така настанува перде. Кога катарактите се настанати како последица на друг причинител , а причинителот не е стареење , се комплицирани. Тие скоро секогаш се пропратени со патолошки промени на останатите анатамски структури од окото , а повремено и со висок очен притисок.

Едини и водечки симтом на пердето е смалена острина на едното или во дв ете очи. Тоа ја смалува функцијата на окото или очите и го тера пациентот да бара помош Пациентот чуствува и има ограничување во неговите работнми способности.

Кај очен лекар поставувањето на дијагнозата е едноставно и единствен начин за да му се помогне на пациентот е операција на пердето. Кога, каде и кој ке го оперира пациентот, одлуката ја носи самиот тој.