Подвижноста на очното јаболко е овозможена од мускули кои се идентични на двете очи , овозможувајки и двете очи да функционираат како единствена целина. Острината на видот од двете очи , се нарекува бинокуларен вид.Тоа е стекната способност на очите со раѓањето а неговите одлики и квалитет развојот го завршуваат до шеста година на животот. Бинокуларно гледање (гледање со две очи) ни овозможува сликата од гледаниот предемет, секогаш да ја гледаме како единствена со нејзините карактеристики: :висина, ширина и длабина.

Ограничените промени во подвижноста на очите можат да бидат вродени и стекнати, а се нарекува разрокост или страбизам. Бегањето на очното јаболко почесто е према внатре и надвор ,но понекогаш можно е кривење и во другите правци, Кај одереден процент на пациенти можно е кривењето да биде наизменично на двете очи према внатре или надвор. Страбизмот скоро секогаш е пропратен со рефракциска аномалија ( астигматизам, далековидост и кратковидост). Окото кое криви секогаш има повисока рефракциска аномалија него другото око и секогаш е слабовидо.

Третирањето на разрокоста мора да биде тимски , офталмолог и ортоптичар и трае долго време. Потребно е ортоптичко тестирање за да се одредат квалитетите на бинокуларното гледање, видот и степенот на разрокоста. . Возраста на пациентот создава додтани тешкотии во припремата и обработката на овие пациенти.

Прв чекор во третирањето на страбизмот е откривање на рефракциската аномалија и одредување соодветна оптичка корекција и нејзино редовно носење. Не навремно одредување и не носење на оптички помагала го прави окото кое криви слабовидо, амблиопно Заедно со ортоптичарот а во зависност од состојбата на острината на видот детето се третира со вежби Кога резултатите од третирањето се лоши: аголот на кривење останува висок, острината на видот лоша се носи одлука за оперативна корекција на страбизмот.