Катаракта или перде
Во окото се наоѓа природна лека која е сместена позади зеницата и ирисот . Таа е дел од диоптрискиот систем на окото и покрај другите оптички средини има задача да ги прекршува светлосните зраци од гледаните предмети.
Секоја матнина во природната лека на окото се вика катаракта или перде. Можи да се јави истовремено во двете очи но почеста појава е во едното око. Причинителите на пердето се од позната и непозната природа.. Така познато и докажано , дека кај 6 % од населението со годините ( после шеста декада ) поради лоши метаболички промени доаѓа до смалување во провидноста на леката. Во зависност од обемот и интензитетот на матнината , катарактите ги нарекуваме зрели и незрели. Но понекогаш тие матнини се јавуваат и кај помалади личности или се вродени. Во зависност од возраста , катарактите се викаат сенилни, пресенилни.и вродени. До промени во леката доаѓа и после тапи или отворени повреди и воспалителни процеси на окото Па тие катаракти ги нарекуваме травматски или воспалителни. Некои системски болести( висок кревен притисок, шекерна болест) се пропратени и со создавање матнини во леката. Кога лицето употребуува подолго време системски стероиди, поради болест( реума) исто така настанува перде. Кога катарактите се настанати како последица на друг причинител , а причинителот не е стареење , се комплицирани. Тие скоро секогаш се пропратени со патолошки промени на останатите анатамски структури од окото , а повремено и со висок очен притисок. Едини и водечки симтом на пердето е смалена острина на едното или во дв ете очи. Тоа ја смалува функцијата на окото или очите и го тера пациентот да бара помош Пациентот чуствува и има ограничување во неговите работнми способности. Кај очен лекар поставувањето на дијагнозата е едноставно и единствен начин за да му се помогне на пациентот е операција на пердето. Кога, каде и кој ке го оперира пациентот, одлуката ја носи самиот тој.