За нас
Дојдете кај нас ако ви треба помош од искусен офталмолог.
ПЗУ Офталмос, е офталмолошка приватна ординација која постои од 2003 година, сместена во центарот на градот на улица 8-ма Ударна Бригада бр.20 (во близина на италијанска амбасада)
Нашата установа располага со современа компјутеризирана апаратура за дијагностика и операција. Кадровски сме покриени со стручен тим на доктори и останат медицински персонал кои се на ниво на останатите европски држави. За да биде опфатена и соодветно третирана целокупната офталмолошка патологија, имаме специјалисти-офталмолози како надворешни соработници.
Апаратите и машините во Офталмос овозможуваат поставување на рана и точна дијагностика на сите очни болести и адекватно современо лекување соодветно на современите светски стандарди.
- Директна и индиректна биомикроскопија и офталмоскопија
- Компјутеризирана дијагностика на рефракциските аномалии
- Во Поликлиниката за очни болести Офталмос се изведуваат совремни технолошко-стручни операции со локална анестезија, капки.
Поликлиниката за очни болести Офталмос, во дијагностичкиот дел поседува машини и апарати за извршување на прегледот од предниот и задниот сегмент на окото, со директна и индиректна биомикроскопија, одредување острина на видот (одредување на очила и контактни леки) со Рефракто-кератометрија, Офталмометрија, мерење на очен притисок со безконтактен Тонометар, Гониоскопија.
Нашиот тим
Д-р Стојан Пандов
Доктор ОфталмологД-р Пандова Љубица
Офталмохирург, страбологија и пластична офталмохирургија(визитинг доктор од Холандија)
Др. проф. Каролина Блажевска Бужаровска
ОфталмохирургЕна Ризвановиќ
Администратор & МенаџерТатјана Благоевска
Сестра-инструментаркаВалентина Трендафиловска
Асистент во операциона салаНаши услуги
Поликлиниката за очни болести во амбулантниот дел каде се обавува прегледот на пациентот е опремена со машини и апарати за извршување на прегледи од предниот и задниот сегмент на окото со директна и индиректна интервенција
Операција на катаракта
Операцијата на катаракта ја работиме на два начина со ултра звук или позната во народот како phaco metoda а кај комплицираните и секундарните катаракти со ЕCCE или конвенционална метода.
Операција на Глауком
Ние долги години ја применуваме Трабекултомијата како оперативно решение за регулирање на очниот притисок.Се прави by pass, премостување во истекот на течноста од окото. Од големо значење е постоперативното следење на пациенотот.
Операција на Страбизам
Кандидати за оперативно лекување, пред се потребно е да се пациенти од нашта Установа долго време следени и третирани од особа која е едуцирана за Ортоптика и Плеоптика.И офталмологот кој ги изведува овие оперативни процедури поседува едукација за Страбологијата.
Птеригиум
Вршиме операција на надворешно перде (Птеригиум). Птеригиумот се појавува на површината на рожницата.
Халазион
Халазионот е безболна појава која се јаува поради зголемување на жлездата која го произведува масниот слој на солзниот филм (Меибомовите жлезди).