Дијагностика
Рана и точна дијагностика на сите очни болести и адекватно современо лекување соодветно на современите светски стандарди
Октопус
Во колку се потребни додатни испитувања кај пациентот, ординацијата поседува комплетна опрема и во можност е да ги пружи истите.
Периметрија или видно поле, е дијагностичка процедура која се врши кај пациенти со болести и промени на видниот нерв и мрежницата, ретина. Со овој апарат се следи резултатот кај пациенти со и без терапија.
Ехографија АБ скен
Ехографија АБ скен или испитување на окото со Ултразвук. Се регистрираат сите видливи и невидливи промени во стаклестото тело, мрежницата, видниот нерв и во просторот зад око. Овозможува мерење и еволуција на видливата промена. Со биометријата се добиваат мерни податоци за одредување на точна јачина за вестачка леќа при операција на катаракта.
ЈАГ-Ласер
Се користи за терапевтско решавање на сите несакани последици, компликации во задниот предел на окото, настанати после разни воспаленија на предниот и задниот очен сегмент, после операција на катаракта. Посебно значење има во решавање на Глаукомот со затворен агол без интервенција.
ОЦТ Томографија
Последниве десетина години е направена револуција во дијагностицирање, лекување и следење на очните болести на видниот нерв и мрежницата. Со крајна точност и прецизност се одредува секоја анатомска промена и еволуција во секој слој од мрежницата и видниот нерв. Приказот и следењето на промените го надополнуваме со Фундус графијата.
Sinoptofor
Sinoptofor служи за мерење и следење на бинокуларниот вид кај пациенти (деца) и мерење н аголот на кривење, страбизмот.